Прва заедничка седница на владите на Македонија и на Бугарија

Се очекува на седницата којашто ќе се одржи во Струмица, и со која треба да заседаваат двајцата премиери Зоран Заев и Бојко Борисов, да бидат потпишани договори и меморандуми и да одржат заедничка прес-конференција, соопшти владината прес-служба,. Засега не се соопштуваат датали за составот на тимовите кои ќе ги предводат премиерите на двете земји.

Се очекува во фокусот на разговорите да биде напредокот на добрососедските односи меѓу Бугарија и Република Македонија, како и други теми од заеднички интерес со цел зајакнување на дијалогот и партнерството меѓу двете земји.

Според агендата, предвидено е положување цвеќе на споменикот на поранешниот претседател Борис Трајковски, а ќе биде предадена и донација на општина Струмица од страна на бугарската Влада.

За потребите на медиумите во Домот на АРМ во Струмица, ќе биде обезбедени работни простории.

Ова е прва меѓувладина седница што ја одржува Владата на премиерот Заев со Влада на држава од соседството. Во декември во Подградец е договорена и заедничка владина седница меѓу Албанија и Македонија.

За време на официјалната посета на Белград на премиерот Заев вчера договорена е и заедничка седница на македонската Влада со Владата на Република Србија. Како термин за седницата се наведува крајот на февруари или почетокот на март, месец, идната година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.