11.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Прва жртва на коронавирусот во Косово

Косовскиот институт за јавно здравје соопшти дека 82-годипен маж починал во неделата во болница, што е прва жртва од коронавирусот на Косово.

Од таму наведуваат дека починатиот имал и претходна срцева болест. Во земјата досега има регистрирано 31 заболен од коронавирусот.