Прва жртва на коронавирусот во Унгарија, турските аџии во карантин, преглед по континенти

Унгарија во неделата го регистрираше првиот смртен случа како последница од заразата со новиот сој коронавирус Covid-19, а другите земји ширум светот продолжуваат со воведување постриги мерки за сузбивање на пандемијата.

Според податоци до 14,30 часот по средноевропско време коишто ги собрала агенцијата AFP од официјални извори, во светот до неделата има 6.036 починати лица од 159.844 заразени.

 

Европа

Информативниот центар на унгарската влада објави во неделата дека од коронавирусот починал 75-годишник сместен во болница во Будимпешта, со симптоми на инфекција на воспалените на белите дробови, пренесе унгарската агенција MTI. Според податоците на институтот на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“, во Унгарија се потврдени 30 заразени лица, од кои едно лице веќе оздравело.

Својата прва жртва од коронавирусот Словенија ја потврди во саботата, а станува збор за штитеник на дом за стари лица. Словенечките власти во неделата соопштија дека бројот на заразените до 14 часот се зголемил на 219, што е 38 случаи повеќе отколку ден претходно. Досега биле тестирани 6.156 лица, а бројот на заразените меѓу мажите и жените е речиси ист. Најмногу заразени се во возрасната група од 30 до 49 години, објави владата.

Во Шпанија, којашто по Италија е најзаразената земја во Европа од коронавиурсот, во последните 24 часа регистрирани се околу 2.000 новозаразени, а стотина лица починале, објавија во саботата шпанските здравствени власти. Потврдени се вкупно 7.753 случаи, а досега починале 288 луѓе. Земјата е речици во целосен карантин, во настојувањата да се спречи ширињето на заразата во другите автотномни региони, откако епидемијата експлодираше во областа на главниот град Мадрид.

Грција во неделата пријава ушет 8 смртни случаи од коронавирусот, па сега во оваа земја има вкупно 20 починати од оваа болест, пренесува Reuters, Холандскиот Национален институт за јавно здравје објави дека бројот на потврдените заразени лица се зголемил од 176 на 1.135.

Грција, како што јави агенцијата ANA, во неделата ја потврди својата 4-та жртва од коронавирусот, а станува за најмладата жртва во земјата – 53-годишник вработен во медицинска лабораторија во градот Кожани во близина на македонската гранциа. Сите четворица починати претходно боледувале од хронични заболувања, според здравствените власти. Грчката полиција во саботата привела 96 лица кои не ги почитувале припишаните мерки за запирање на ширењето на епидемијата.

Грчкиот Олимписки комитет објави во неделата дека свеченото предавање на олимпискиот оган за Олимписките игри во 2020 година во Токио, ќе се одржи во четврток пред празен стадион во Атина, поради коронавирусот.

 

Турските аџии во карантин

Илјадници муслимани кои се враќаат во Турција од аџилакот во светите места во Саудиска Арабија се сместени во неделата во карантин на две седмици, поради загриженоста од ширењето на коронавирусот, објавија турските функционери, пренесе агенцијата Anadolu. Турската државна телевизија објави снимки од автобуси кои ги пренесуваа аџиите од аеродромот крај Анкара во градот за да бидат сместени во студентските домови кои привремено се користат како центри за изолација. Еден од аџиите кои последните седмици се вратил од овој аџилак, бил 6-от потврден случај во Турција, изјави министерот за здравство Фахретин Коча.

„Сите патници кои се враќаат од умра од минатата ноќ се ставаат во карантин во одвоени собир во студентските домови“, објави министерот на Twitter, додавајќи дека оние за коишто се сомнева дека се болни се одвојуваат во болниците за тестирање.

Аџиите се враќаат од аџилакот кој се нарекува умра, или „мал хаџ“, пократок е и може да се извреши во текот на целата година. Хаџот, инаку, годинава ќе започне кон крајот на јули. Саудиска Арабија ја прошири претходно овој месец ретката суспензија на аџилакот во Мека и Медина, за странците и на саудиските државјани, како и на луѓето кои престојуваат во земјата поради коронавирусот.

Челникот на турската управа за религиозни прашања, Ало Ербас, изјави во неделатра дека во процес на враќање во земјата се 5.300 турски аџии. Ден претходно рече дека дека до 15-ти март се очекува враќањето на 21.000 аџија од Саудиска Арабија.

Турција, којашто досега потврди шест случаи на заразата, последните денови ги заостри безбедносните мерки, затворајќи ги училиштата и унивиерзитетит, а ги суспендираше и летовите од и кон многу земји. Споретските настани се одржуваат, но без гледачи.

 

Азија

Во изминатите 24 часа од последиците од коронавирусот во Иран починале 113 лица, со што бројот на смртните случаи во оваа земја се зголемува на 724 луѓе, објави на Twitter советникот на иранскиот министер за здравство, Алиреза Вахабзадех.

Казахстан и Узбекистан ги затворија во неделата гранцииата, откако ги потврдија првите случа на заразата со коронавирусот, пренесува Reuters.

Малезија во неделата пријави 190 новозаразени од коронавирусот, од кои повеќето се поврзани со верски собир во џамија на кој се собрале 16.000 луѓе од неколку земји. Малезија е најтешко погодена со коронавирус во југоисточна Азија, а вкупно 243 случаи на заразата се поврзани со споменатиот верски собир, од кои 9 луѓе се во критична состојба на оддрлите за интензивна нега. Сите учесници на собирот во џамијата и нивните блиски контакти ќе бидат ставени во задолжителен карантин на 14 дена, соопштија властите.

На собирот во џамијата во близина на Куала Лумпур, кој се одржувал од 27-ми февруари до 1-ви март, се собрале 14.500 Малезијци и 1.500 странци. Станува збор за верници од Банлгадеш, Бруние, Филипини, Сингапур и Тајланд.

Вкупниот број потврдени заразени во земјата со тоа се зголемил на 428, објави малезиското министерство за здравство.

Брунеи во неделата објави дека 45 од вкупно 50 случаи на заразата во оваа земја се поврзани со верскиот собир во Малезија. Владата поради тоа им забрани на сите граѓани, вклучително и на странците, да ја напуштат земјата.

Сингапур пријави 14 нови случаи од коронавирусот, што е најголем дневен скок и вкупно заразени во земјата има 226 луѓе.

Виетнамското министерство за здравство во неделата објави дека сите патници кои доаѓаат од или преку Кина, Јужна Кореја, Обединетото Кралство и земјите членки на Шенгенскиот простор, задолжително ќе мора да бидат ставени во карантин и да се тестираат на коронавирусот. Задолжителниот карантин важи и за сите пристигнувања во земјата од 14-ти март.

Виетнамските власти има наредија на граѓаните, вклучително и на странските државјани, на јавните места да носат заштитни маски. Училиштата во земјата се затворени. До крајот на месецот затворени се и кино-салите, ноќните клубови, центрите за масажа, караоке локалите и локалите заобложување на интернет во урбаните средини.

Виетнам последната седмица забележал 37 новозаразени, вкупно 53 лица. Голем број од новозаразените стасале со авиони од Британија. Виетнам го забрани влезот и го запре одобрувањето на издавњето туристичките визи за граѓаните од Шенгенскиот простор и од Обединетото Кралство, почнувајќи од 15-ти март.

 

Африка

Мароко во неделата ги суспендираше сите меѓународни патнички летови, во низата мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, објави мароканското министерство за надворешни работи. Земјата последните денови постепено ги прекунуваше со разни земји.

Неколку пособни авиони полетале, сепак, во неделата од Мароко со илјадници европски туристи кои престојувале во земјата, објавено е на веб-страниците на аеродромите, пренесува AFP.

Мароко досега потврди 28 случи на заразата, вклучително и еден смртен случај и едно лице кое оздравело.

Властите на Мавританија, Раунда, Сејшели и Централноафриканската Република, во саботата ги потврдија првите случаи на зараза со коронавриусот. Со тоа бројот на африканските земји во кои е евидентираниа заразата се зголеми на 23 држави.

Владите на Руанда, Сенегал, Мадагаскар, Маурициус, Мароко и Кенија најавија и поостри мерки за контрола, вклучително и забрана за јавни собири, откажување на летовите и затворање на сите образовни институции.