Прва жртва од коронавирусот во Пекинг – досега 106 мртви и 4.515 заразени

Во Пекинг почина правата жртва од новиот сој коронавирус во Кина, соопштија властите во вторникот, додека бројот на починатите се зголеми за нови 32 случаи на 106 а на заразените 4.547 лица.

Во моментов 976 лица се во критична состојба. Бројот на лицата кои оствариле блиски конатакти со болните и се сметаат за потенцијално заболени се проценува на 47.000 луѓе. Од нив 833 лица се под интензивен медицински надзор, а 60 пациенти веќе се отпуштени по третманот.

Во екот на сѐ поголемата загриженост поради вирусот во јавноста, Националниот комитет за здравство во изјава нагласува дека сите освен шест жртви почитани од овој вирус биле од Вухан, во покраината Хубеи.

Најголем број заразени и мртво од болеста предизвикана од коронавирусот, потекнуваат од покраината Хубеи, 2.714 заболени и 47 починати, и од нејзиниот административен центар Вухан со 1.590 зразеи и 42 починати. Во Пекинг се идентификувани 80 заразени лица и еден смртен случај, а 21 зарази и еден починат се пријавени во покраината Хелонгџианг со границата со Русија.

Киенскиот премиер Ли Кечијанг ги посети Вухан во понеделникот да ги охрабри здравствените работници и вети зајакнување на помошта и поддршката. Тој е највисокиот функционер кој го посети овој град од избувнувањето на заразата, и беше прикажан на државната телевизија во средбата со медицинскиот персонал кој извикува оптимистички пораки.

Официјално познат како 2019-nCoV, новоидентификуваниот коронвирус предизвикува воспаление на белите доброви, но сѐ уште е прерано да се каже колку е опасен и колку лесно се шири.

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделник ѝ понуди помош на Кина доколку ѝ е потребна, а Стејт департментто соопшти дека Американците мора „повторно да размислуваат“ за патувања на Кина поради опасноста од вирусот.

Канада, којашто има два потврдени случаи на зараза со новиот коронавирусот и истражува 19 потенцијални случаи, ги предупреди своите државјани да ги избегнуваат патувањата во кинеската покраина Хубаи.

Кинескиот амбасадор во Обединетите народи по средбата на состанокот со генералниот секретар Антонио Гутереш во понеделникто рече дека „му придава извонредна важност спречување и контрола на епидемијата“.

„Кина соработува со меѓународната заедница во духот на отвореноста, транспарентноста и научните координации“, рече амбасадорот. Гутереш, пак, рече дека УН има „целосна доверба во кинеската способност за контрола на заразара, и е подготвен да ја осигури целосната поддршка и помош“.