Првачињата без маски, задолжително ќе има редар кој ќе мери температура

Дали наставата ќе се одвива со скратени часови или во некои од училиштата ќе се оди етапа по етапа сето тоа ќе биде прилагодено на моменти. Битно е да се сфати дека ние ќе мора да живееме со вирусот, социјалниот момент кај децата и нивното школување ќе треба да биде поставен од авторитети. Секој момент на одложување на започнување на училишната година во иднина ќе не чини поскапо, изјави д-р Ангелчо Андоновски, директор на детската болница Козле во „Ја сакам Македонија“.

На прашањето за која возраст ќе бидат задолжителни маските во училиштата, Андоновски вели дека се уште се водат дискусии, и дека за најмалите најважно ќе биде одржувањето на дистанцата.

„Се уште сме во дискусии за тоа какво модел ќе се прифати во однос на носењето маски во училиште. Пред се потреба е една едукација почнувајќи од најмалите за нив најважно е да се одржува дистанцата. Првачињата во оваа ситуација ќе бидат изоставени, носењето маска за нив ќе биде додатна психолошка бариера. Додека кај децата над 10 годишна возраст маската ќе биде задолжителна“, објасни Андоновски.

На прашањето како на дечињата од шест години ќе им се објасни дека не треба да се групираат и да одржуваат дистанцата, Андоновски вели дека ќе има список на задолжение по протоколот кој ќе мора да се контролираат.

„Прво училиштата ќе мора да ги исполнуваат поставените услови за да започне школската година, треба да има задолжен човек на самиот влез кој ќе ја мери температурата, ќе треба да има и човек кој ќе биде задолжен за да ја следи ситуацијата и се да се спроведува според протоколите“, вели Андоновски.

Конечната одлука за тоа какво модел ќе се примени за старт на школската година ќе се знае по 10-ти август.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.