Првата доза на вакцината во Германија ја примиле 10 милиони луѓе

Според германското минисерство за здравство повеќе од 12 отсто од жителите на Германија примиле најмалку една од двете дози од вакцините протов Covid-19, што значли дека повеќе од 10 милиони жители, објави во саботата на Twitter минисррот за здравство Јенс Шпан.

Според објавата на Шпан, 4,3 милиони лица вече ја проимиле втората доза. Министерот наведува дека досега се употребени 10,7 милиони дози од вакцината на „Pfizer/BioNTech“, 700.00 дози од вакцината на „Moderna“ и 2,9 милииони дози од вакцината на „AstraZeneca“.

Според Институтот „Роберт Кох“ за контрола на зарзните болести и министерството за здравство, само во петокот биле инјектирани 217.000 дози од вакцините.

Давањето предност на одредени демографските групи во редот за имунизација би требало да падне во втор план, со зголемувањето на бројот на достапните дози, соопшти во саботата Здружението на германските лекари од општа пракса.

„Давањето предност бепе, и е, добра насока за лекарите додека вакцината уште е достапна во малите количества. Меѓутоа, наскоро повеќе нема да мораме толку да ги гледаме бројките, туку сѐ повече здравјето на луѓето“, изјави Улрих Вејделд од споменатото здружение во разговорот за весникот Rheinische Post објавено во саботата.

Доколку количеството на достапните вакцини надмине одредено ниво, приоритет мора да биде „сите кои можат и сакаат што поскоро да ја добијат вакцината“, додава Вејделд.

Здравствените власти во саботата известија за 18.129 нови случаи на заразата во последното деноноќие. Истовремено, од коронавирусот починале уште 120 луѓе. Бројот на новозаразените во седум дена на 100.000 жители, ткн седумдневната стапка на инциденца, во саботата утрото изнесуваше 131,4 за цела Германија, малку пониска од 134 отколку во петокот.