Првата држава во Европа која почна да го тестира дигиталниот имунолошки пасош

Естонија започна со тестирање на еден од првите дигитални имунолошки пасоши во светот, со цел да се обезбеди безбедно враќање на вработените на своите работни места по епидемијата од коронавирусот, пренесува Reuters.

Дигиталниот имунолошки пасош собира податоци од тестот и им овозможува на луѓето да го покажат својот имунолошки статус на трето лице, на пример работодавачот, преку привремен QR код после дигитална верификација.

„Дигиталниот имунолошки пасош има за цел да ги намали стравовите и да ги стимулира општествата ширум светот да продолжат со своите животи среде пандемија“, изјави Тавет Хинрикус, основач на „Трансфервајс“, позната светска технолошка стартап компанија која учествуваше во проектот.

Меѓу првите компании кои се приклучија на проектот се хотелите Radisson. Директорот на хотелот Radisson Blu Sky во Талин, Каидо Ојаперв, вели дека компанијата се обидува да го најде секое решение, така што вработените би се вратиле на работа и гостите ќе дојдат во хотелот.

Во Естонија, од коронавирус починаа 64 лица, а заразени се 1.791.

Овој месец, балтичката држава започна со укинување на рестриктивните мерки, а минатата недела ги отвори границите со Литванија и Латвија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.