Првата фотографија на еден од терористите во Истанбул

Припадниците на Управата за борба против тероризам на Турција објавија фотографија на еден од наводните терористи. Фотографијата ја снимила една од камерите на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул. Терористот го препознале по чевлите.

Извршен е претрес во две куќи во кои полицијата одзела голем број шифрирани документи поврзани со организацијата, како и различни дигитални материјали.

Најмалку 41 лице беше убиено, а повеќе од 147 беа ранети во терористичкиот напад во Истанбул.