Првата фубалска лига стартува на 11 август, дербито Вардар-Шкендија за крај на сезоната

Шкендија - Вардар е најинтересниот дуел во четвртфиналето од Купот на Македонија

Во „Куќата на фудбалот“ денеска со ждрепка беа извлечени двојките за премиерното коло во ПМФЛ, Новата сезона во фудбалскиот шампионат на Македонија, односно прволигашката конкуренција ќе започне на 11 август.

Големото дерби на двата најдобри македонски клубови во изминатите пет години Вардар (три титули) и Шкендија (две титули) ќе се игра во последното деветто коло од првиот круг во новата сезона во Првата лига, што значи дека сезоната ќе заврши со дерби пресметка, но прашање е дали би можело во мај догодина тој меч да решава за шампионска круна.

По денешната ждрепка во ФФМ, после пет години на жешки дербија на стартот од Пелистер – Вардар (случајот Турчин со шок бомбата), преку две дербија со Шкупи и две пресметки со Шкендија, првпат сезонава ќе почне мирно без голем фудбалски настан.

Според распоредот, Вардар во првиот кгруг го очекуваат две гостувања на два жешки терени, со Шкупи на 18 септември од 15.30 часот на Чаир (шесто коло) и со Шкендија на 6 октомври од 15 часот (девето коло) во Тетово. Вардар ја почнува сезоната со мала скопска пресметка со Македонија ЃП, па гостува кај Борец, па има соседско дерби со Работнички и гостување кај Ренова во четирите августовски мечеви од стартот на 10 или 11 август. Покрај двете гостувања, на Чаир и во Тетово, Вардарци имаат уште дуел со Струга Трим Љум дома (петто коло), со Силекс (седмо коло) и Академија Пандев (осмо коло) – сите на домашен терен.

Од другите дербија во оваа сезона, Работнички – Шкупи е прво на програмата во второто коло на 18 август, во петото коло Шкендија го дочекува и Работнички (14 септември), а тетовци му гостуваат на Шкупи во осмото коло на 29 септември.