Првата фудбалска лига почнува на 11 август

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска објави дека ПМФЛ за сезоната 2019/2020 ќе почне на 11. август. Ждрепката за новата сезона ќе се одржи на 21. јули (петок), како и минатата година така и оваа, елитното домашно натпреварување ќе брои 12 екипи.

Второлигашите пак ќе почнат две седмици подоцна, односно на 24. август. Лигашкиот дел во ПМФЛ ќе заврши на 17. мај 2020 година, додека второлигашите последното коло ќе го одиграат ден порано.

Купот на Македонија првото коло ќе го има на 24. август, додека финалето е закажано за21. мај 2020 година. Годинава ПМФЛ ќе се пренесува и на телевизија, откако ФФМ потпиша договор во траење од две години со регионалната телевизија Арена спорт.