Првата група евакуирани авганистански преведувачи стаса во САД

Околу 200 Авганистанци ќе започнат нов живот во САД откако во петокот започна преселување на преведувачите и другите кои во текот на 23-годишната војна работеле за американските сили е сега стравуваат од одмаздата на талибаните, потврдија американски функционери.

Операцијата за евакуирање на Авганистанците соработници на САД и нивните семејства доаѓе во моментот кога привршува процесот на повлекување на американските и НАТО силите од земјата, а владините сили се обидуваат да го запрат талибанското напредување.

Првите 200 евакуирани слетале во воената база „Форт Ли“ во сојузната држава Вирџинија и го чекаат обработувањето на документите и лекарските прегледи. Во базата ќе останат до една седмица, пред да им се придружат роднини или семејствата кои ќе ги вдомуваат ширум САД.

На овие Авганистанци им се доелени Специјални имигрантски визи (SIV) кои им овозможуваат со себе да ги земат своите семејства. Во оваа операција под назив „ Allies Refuge“ ќе бидат евакуирани околу 50.000 луѓе.

Во САД во последните десет години веќе се преселни околу 75.000 Авганистанци, изјави министерот за одбрана Лојд Остин, додавајќи дека земјата има „морална обврска да им помогне на оние кои ни помогнаа нам“.

Американскиот Конгрес ја започна програмата SIV во 2006 година за ирачките и авганистанските преведувачи кои би можеле да се соочат со одмазда, бидејќи работеле за американските сили или за владата.