Првата посета на Ердоган на странство во 2019-та кај „драгиот пријател Путин“

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во средата престојува во Москва, во својата прва посета на странска земја во 2019 година, кај „драгиот пријател“ рускиот колега по должност Владимир Путин, а разговорите ќе бидат насочени на ситуацијата во Сирија.

Двајцата претседатели минатата 2018 година одржале седум состаноци во четири очи, повеќето посветени на ситуацијата во Сирија, какои 18 телефонски разговори, наведува турската службена новинска агенција Anadolu.

Путин се сретна со Ердоган во Анкара на 3-ти април 2018, што на рускиот претседател му беше првото патување по реизборот на должноста во февруари. Во март преку видеоврска Ердоган и Путн ги следеа свеченото започнувањето на работите на постројката Акуј, првата нуклеарна централа во Турција, Ердоган го нарече тогаш Путин „свој драг пријател“,а проектот историски момент во односите меѓу двете земји. Иранскиот претседател Хасан Роухани им се придружи следниот ден на самитот во Сирија,

На 26-ти јули 2018 Ердоган и Путин одржаа состаној во четири очи во Јоханесбург, на работо од самитот на земјите членки на БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република, петте најголеми брзорастелки економии“. „Некои ни завидуваат на нашата солидарност“, му кажа Ердоган во пресрет на самитот, пренесе агенцијата Anadolu.

На 7-ми сепрември 2018 Техеран беше домаќин на тристраниот самит за Сирија. Путин и Роухани тогаш се оглушија на предлогот на Ердоган за прекинување нма огнот во северозападната покраина Идлиб. Состанокот заврши без договор и побуди стравови за неизбежна офанзива во Идлиб. Подоцна Анкара и Москва постигнаа договор за тампон зона и заеднички патроли во оваа сириска покраина.

На 17-ти септември 2018 Ердоган и Путин одржаа четиричасовни разговори во руското летувалиште Сочи, каде што се согласија дека покраината Идлиб, последното упориште на бунтовниците да се прогласи за демилитаризирана зона.

На 27-ми октомври 2018 Путин во Истанбул учествуваше на четиристраниот самит со Сирија. Покрај Ердоган, учествуваа и германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон.

На 19-ти ноември 2018 Путин му се придружи на Ердоган во Истанбул на свеченоста по повод завршувањето на морската делници од гасоводот Турски тек. Кога ќе биде целосно завршен овој гасовод ќе ги поврзува Русија и Турција преки Црното Море. Турција е еден од најголемите потрошувачи на рускиот гас.

На 1-ви декември 2018 Ердоган и Путин разговараа на маргините на самитот на Г20 во Буенос Аирес. Состанокот траеше подолго од планираното, бидејќи Путин имаше повеќе време откако американскиот претседател Доналд Трамп ја откажа средбата за да изрази несогласување откако Русија заплени украински воени бродови и морнари поради нарушување на руските територијални води во Азовското Море.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.