Првата седница заврши, претседател на Собранието не се избра оти нема парламентарно мнозинство

Заврши првата седница на новиот парламантарен состав. На неа само се верифицираа мандатите на пратениците. Со 116 гласови – ЗА, и без ниту еден ПРОТИВ и ВОЗДРЖАН, Собранието ги верификуваше мандатите на новите 120 пратеници.

Изборот за прeтседател, заменик претседател и членовите на Комисијата за прашања за избори и именувања, како и изборот на претседател на Собранието ќе се случат кога ќе се создаде парламентарното мнозинство, односно кога ќе се создаде мнозинство за формирање на новата влада.

Се избраа и потпретседатели на Собранието а тоа се Горан Мисовски и Флоријан Бисими.

Следната седница ќе биде дополнително закажана а се до изборот на нов спикер со Собрането ќе раководи Талат Џафери.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.