Првата вест на насловната страница на веб-сајтот на албански јазик

Rеконструкцијата во Владата го опфати и ресорот култура, досегашниот министер Роберт Алоѓозовски беше заменет со Асаф Адеми, кој во Министерството за култура ќе шефува како кадар на Движењето Беса, новиот коалиционен партнер на СДСМ во Владата.

Понеделникот беше првиот работен ден на Асаф Адеми како министер кога и беше извршено свеченото примопредавање на министерското столче од страна на сега веќе поранешниот министер, Роберт Алоѓозовски.

Адеми пред медиумите вчера изјави дека со Алоѓозовски разменил мислења и идеи за тоа како да се подобри културниот живот во Македонија, но место веднаш да се фати за реформи кој би довеле до тоа, тој првата работа што ја направи е првата вест на насловната страна на министерството е да биде на албански јазик, иако според Уставот во Македонија официјален јазик во државата е македонскиот. Така што може да се каже дека ова е скандалозен потег, бидејќи Министерството за култура е државна институција.

„Адеми по примопредавањето на функцијата вчера најави дека ќе биде министер на сите граѓани без разлика на нивната, етничка, партиска и верска припадност, но сепак вториот ден реши да го промени јазикот на првата вест на насловната страна на министерството.

„Ќе бидам министер за сите, без разлика на нивната етничка, партиска и верска припадност. Ќе се потрудам да креирам унитарен културен идентитет за сите и да градам мостови на културна соработка меѓу сите заедници и сите граѓани во Република Македонија“, изјави Асаф Адеми по преземањето на функцијата министер за култура.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.