Први победи на Торонто и Хјустон, нема непоразени во НБА

Откако во старата година Филаделфија 76ерс славеа со 116:92 на гостувањето кај Орландо Меџикс, НБА лигата влезе во 2021 годна без непоразени екипи во новата сезона, а на збогувањето со 2020-та своите први победи ги остварија Хјустон Рокетс и Торонто Репторс.

Во Хјустон го дочекаа дебитирањето на Џон Вол, кој мешу двете сезона во играчката размена дојде во Рокетс наместо Расел Вестрбрук, а за играч кој две години не одигра ниеден натреварувачки меч, поранешниот лидер на Вашингтон Визардс не изгледаше и лошо во домашната победа над Сакраменто Кингс од 122:119. Вол го заврши дуелот со 22 коша 9 асистенции и 6 скокови, за 36 и пол минути колку што мина на паркетот.

„Беше супер. Беше одлично што дојдовме до првата победа. Мојата работа е да му помогнам на Џејмс (Харден) колку што можам и да се обидам да му ја олеснам работата“, изјави Вол во својата прва изјава дадена по меч во регуларниот дел од сезоната по паузата долга 735 дена.

Харден постигна 33 коша, 8 асистенции и 6 скокови и беше најдобар играч кај Рокетс кои на крајот стравува за победата, иако во текот на третата четвртинаа имаа и двоцифрена предност.

Кинс на крајот имаа два обида за „тројка“ со која ќе го однесоа мечот во продолженија, но Бади Хилд и Де’арон Фокс не беа прецизни. Харисон Барнес со 24 коша беше најефикасен играч на Сакраменто, Фокс и Ришон Холмс додадоа по 22, а центарот на Кинг приот оствари и 13 скокови.

 

Торонто Репторс до првата победа во сезоната и првиот триумф како домажини во Тампа, каде играат поради ограничувањето на патувањата во матичната Канада, дојдоа славејќи над Њујорк Никс со 100:83 со подобрата напаѓачка игра во второто полувреме, откако на голмата пауза се отиде без предност за некога од екипите 42:42.

Фред Ванвлит постигна 25 коша со 7 асистенции, a Кајл Лоури впиша 20 поени и 7 скокови за Репторс. Никс со по 16 коша ги водеа Кевин Нокс и Џулиус Рендл, а вториот додаде и 10 скокови.

 

Орландо Меџикс во петтиот дуел сезонава влегоа како единнствениот непоразен тим, но Филаделфија 76ерс се погрижи за тоа ниеден тим во НБА лигата во 2021-ва да не влез без пораз. Веќе на полувремето на мечот на Флорида, Филаделфија имаше позитива од 35 поени (75:40), па крајниот резултат од 116:92 и не е толку лош од перспектива на Меџикс.

Док Риверс можеше добро да ја распореди минутажата со што можеби на Џоел Емиид му скуси еден „трипл-дабл“ во кариерата, имајќи предвид дека центатарот на Филаделфија остави 21 поен и по 9 скокови и асистенции. И Сет Кари уфрли 21 кош, а Тобијас Харис 20 за победниците. Бен Симонс остана на 9 поени, 10 скокови и 8 асистенции, но ја погдои својата прва „тројка“ во новта сезона, и вкупно само трета во кариерата. Кај Орландо најдобар беше Никола Вучевиќ со 19 коша и 10 скокови, а Кол Ентони додаде 16 поени.

 

Така во лигата повеќе нема непоразени екипи, но останаа уште два тима, коишто, пак, немаат остварено ниедна победа. Детроит Пистонс имаат сооднос 0-4, а Вашингтон Визардс ниту во петтиот обид не успеаја да триумфираат.

 

Расел Вестбрук има стопроцентно остварување која станува збор за „типл-дабл“ ефектот, но ниту неговите 22 коша, 11 асистенции и 10 скокови не беа доволни за домашна победа на Ваштингтон против Чикаго Булс, кои славеа со 133:130. Визардс, покрај тоа, ги имаа и двајцата најефикасни играчи на дуелот, Бредли Бил и Томас Брајант кој постигнаа по 28 коша.

Но Булс имаа седум кошаркари кои впишаа двоцифрен број поени, a најдобар беше поранешниот играч на Визардс, Ото Портер со 28 коша и 12 скокови. Зак Лавин додаде 22 поени и 7 асистенции, а Коби Вајт врза 16 коша со 10 асистенции.

 

Најубедлива победа изминатата ноќ остварија Њу Орлеанс Пеликанс кои славеа со 113:80 кај Оклахома Сити Тандерс, во прв ред благодарејќи на играта во последната четвртина во која домашните постигнаа само 7 поени (7:28), иако гостите мечот го завршија без исклучениот Брендон Инргам кој и покрај тоа беше нивниот најдобар стрелец со 20 поени.

Ерик Бледшо додаде 17, а Лонзо Бол се запре на 16 поени, 9 асистенции и 8 скокови, додека Стивен Адамс на својот поранешен тим му даде 14 коша со 10 скокови. Кај Тандерс најдобар беше Ал Хорорд со 17 коша и 6 скокови.

 

Уште еден одличен меч во новата сезона одигра Домантас Сабонис кој со 25 коша, 11 скокови и 7 асистенции ги предводеше Индијана Пејсерс до убедливата домашна победа од 119:99 над Кливленд Кавалирс. За четвртиот триумф на Пејсерс сезонава придонесоа и Даг Мекдермот со 18 поени, Малком Брогднон со 17 и Виктор Одалипо со 16 коша.

Колин Секстон со 28 коша беше најдобриот кај Кавалирс, додека Дариус Гарланд додаде 21 поен.

 

Феникс Санс славеа со 196:95 на гостувањето кај Јута Џез и стасаа до четвртата победа во првите пет натпревари, што е нивното најдобро отворање на сезоната во последните пет години.

Најдобар играч кај Санс беше Девин Букер со 25 поени. Микал Бриџес и Џа Кроудер додадоа по 16 коша за победниците. На спротивната страна домашните ги водеше Донован Мичел со 23 коша, додека центарот Руди Гобер впиша 18 поени и 14 скокови.