Први потврдени случаи на коронавирус во Европа – два во Франција

Два случаи на зараза со новиот сој на коронавирусот се потврдени во петокот во Франција, во околината на Париз и во Бордо, што се првите случаи во Европа.

„Пациентот во Бродо, на 48-годишна возрастр, се вратил од Кина, патувал низ Вухан. Тој со симптомите побарал медицинска помош на 23-ти јануари. Од вчера тој е хоспитализиран во Борди во засебен бокс“, изјави француската министерка за здравство Ањес Бузин.

Додала дека по враќањето во Франција, мажот контактирал со десетина лица, пренесува порталот France Info.

Претходно организацијата SOS Medecins инфромираше дека лекарите во Бордо ставиле во карантин две лица со симптоми на инфекција од коронавирусот 2019-nCoV. При прегледот еден од нив потврдил дека патувал дека минал низ Вухан, а во Франција дошол преку Холандија.

Информации за вториот заболен има многу помалку. Познато е дека тој се наоѓа во изолација, во париската болница „Бишат“. Министерката порача дела здравствените власти ќе сторат сѐ за да го ограничат ширењето на вирусот.