Први смртни случаи од коронавирусот во Австралија и Тајланд, прв заразен во Ирска

Австралиските здравствени власти информираа дека во земјата е регистриран првиот смртен случај од коронавирусот Covid-19, додека истовремено во Ирска е забележен првиот случај на заразен од вирусот.

„Во Австралија денеска рано утринава од последици на заразата, во болница во Перт, почина 78-годишен маж“, изјави претставикот на здравствените власти од Западна Австралија, Ендрју Роберстон.

Станува збор за пациент, кој заедно со сопругата, престојувал на крузерот вкотвен во јапшонското пристаниште Јокохама, каде двајцата се заразиле. Дијагнозата му била поставена пред десет дена додека бил во изолација во Хауард Спрингс, во близина на Дарвин, откако две недели минал во карантин на крузерот.

На неговата сопруга, на возраст од 70-тина години, исто така пред неколку дена и бил дијагностициран вирусот, но таа засега е во стабилна состојба и се наоѓа во болница.

Кај повеќе од 700 патници и членови на екипажот на крузерот е утврден коронавирус, додека бродот кон крајот на февруари беше запрен пред Јокохама, а од нив шестмина починаа.

Телевизијата CNN јави дека и на Тајланд е забележена првата жртва од коронавирусот, а таму вкупно се заразени 42 лица.

Ирската цлада доцна ноќта кон неделата соопшти дека е регистриран првиот случај на заразен од коронавирус, а тој бил поврзан со заразата во северна Италија.

Ирскиот министер за здравство Тони Халохан изјави дека „ тоа не е нечекувано“ и дека здравствените власти се подготвуваат за ситуација на појава на вирусот уште од јануари.

Како што објавија ирските медиуми, станува збор за маж од истокот на земјат