Први услови за снег во градовите низ Македонија

загадуванје

Циклон од јужна Италија ќе донесе големо количество влага над Македонија, предупредуваат во понеделникот од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Според информациите, во среда и четврток се очекува облачно време и интензивни врнежи од дожд кои на некои места ќе надминат 60 литри на метар кубен.

УХМР предупредува на дождлива недела па врнежи се најавуваат и во петок. За викендот се очекува разведрување што на почетокот на идната недела ќе донесе и ниски температури. Вистински зимата ќе ја почувствуваме на средината на идната недела кога утринските температури ќе паднат и до 10 степени под нулата а максималните дневни, ќе бидат под 8 Целзиусови степени.

Целиот овој релативно студен период во претпоследната недела од ноември ќе биде проследен со врнежи кои ќе се создадат услови од дожд да преминат во снег на некои повисоки места но и во некои градови низ Македонија.