Први жртви на новиот бран на коронавирусот во Црна Гора

Две лица заболени од респираторната болест Covid-19 којашто ја предизвикува новиот коронавирус SARS-CoV-2 починаа во неделата во Црна Гора и за трет смртен исход се очекуваат резултатите, а станува збор за првите жртви во вториот бран на епидемијата како што тврдат тамошните здравствени власти во земјата којашто тврди дека почнал пред две седмици со внесувње на заразата од Србија.

Во моментов во Црна Гора коронавурисот е потврден кај 157 лица, соопшти Националното координативно тело за заразни болести, кое со „жалење констатира дека данокот го зема вирусот кој во нашата земја е внесен неодамна од регионот“.

Откако црногорските власти тврдена речиси месец и половина дена не регистрирале ниеден нов случај на зараза со коронаворусот, кон средината на јуни објавија дека се регистрирани првите случаи кај лица кои деловно патувале во соседна Босна и Херцеговина, а потоа вината се префрли врз црногорските граѓани кои една седмица претходно патувале на дерби натпреварот меѓу Партизан и Црвена ѕвезда во Белград, кој инаку го гледаа 25.000 навивачи.

Црна Гора на 1-ви јуни одлучи да ги отвори границите со сите држави во кои имаше до 25 активни случаи на 100.000 жители, додека, како што соопшти владата во неделата, во иднина за ова прашање че се води политиката на Европската унија, коај од почетокот на јули најави поголемо отворање на границите.

Поради ширењето на коронавирусот во вториот бран, црногорските власти ги забранија верските и политичките собири и тоа во моментите кога припадниците на Српската православна црква во Црна Гора масовно протестираат против тамошниот закон за верски заедници за кој сметаат дека има цел да ги одземе верските објекти на оваа црква, како и додека траат подготовките за кампањата за парламентарните избори закажани за 30-ти август.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.