Првични проценки за штетата во Србија – запрепастувачки цифри

Според првичните оценки на Јавните претпријатија во Србија, штетата од поплавите изнесува стотини милиони евра.

Министерката за градежништво и сообраќај, Зорана Михајловиќ, која е претседател на Комисијата за проценка на штетите, посочила дека локалните самоуправи ќе праќаат свои проценки, а нив ќе ги контролираат инженери од градежната испекција, а потоа и стручњаци од работни тела кои Владата треба да ги формира.

Михајловиќ истакнала дека од 17.000 километри пат, уништени се 3.500 километри. Голем проблем постои и во железничката инфраструктура, бидејќи во голем дел не може да се пријде.
Исто така, поплавите урнале  250 моста и 2.500 станбени објекти.

„Целта е да ја поправиме инфраструктурата и да ги  вратиме луѓето во нивните куќи. За тоа имаме само неколку месеци, бидејќи потоа доаѓа зима, а Владата ќе направи се’ ниој да на остане на улица“, кажала Михајловиќ.

Србија ќе бара помош за обнова на земјата од сите релевантни финансиски институции, а денеска Михалјовиќ за тоа ќе разговара со претставниците на Светска банка.

Љајиќ: Погодени малите и сиромашните

Потпретседателот на Владата и министер за внатрешна и надворешна трговија, Расим Љајиќ, изјавил дека опасноста од поплавите минува, но дека се видливи штетите и најмногу се погодени општините кои имат мали буџети, лоша инфраструктура и голема невработеност.