Првични резултати: ВМРО-ДПМНЕ има водство во три а СДСМ минимална предност во една изборина еденица

Според досега обработените податоци, во водство е ВМРО-ДПМНЕ. Најголемо водство е забележано во ИЕ 1, ИЕ 2, и ИЕ 3. Во ИЕ 4 засега е нерешено.

Ако досегашните избројани гласови се претворат во мандати, тогаш во ИЕ 1 ВМРО-ДПМНЕ би освоило 9, а СДСМ 7 пратеници. Во ИЕ 2 водството на ВМРО-ДПМНЕ е најголемо и по број на пратенички места би било 12:8.

Во ИЕ 3, според досега обработените резултати СДСМ би освоила 9 мандати, а ВМРО-ДПМНЕ 11.

Во ИЕ 4 засега е нерешено и двете партии имаат по 10 мандати.  Според сегашните резултати во ИЕ 5 СДСМ има за еден пратеник повеќе од ВМРО-ДПМНЕ.