Брод со хуманитарна помош за Газа исплови од Ларнака, објави World Central Kitchen (WCK) – непрофитна невладина организација посветена на обезбедување оброци во екот на природните катастрофи.
WCK, заедно со ОАЕ и Кипар, испрати над 200 тони храна на „Open Arms“, брод што припаѓа на истоимената шпанска хуманитарна организација.
Бродот ќе се закотви долж брегот на Газа јужно од градот Газа на пристаништето изградено од WCK.
Организацијата е одговорна за дистрибуција на храната до цивилите во Газа, изјави израелски функционер за The Times of Israel.
WCK-provided aid has set sail for Gaza on the @openarms_fund boat. We dispatched almost 200 tons of food—rice, flour, legumes, canned veggies & proteins. Alongside the @UAEAid & @CyprusMFA, our Relief Team is working to send as many aid boats as possible.#ChefsForThePeople pic.twitter.com/oypXF8WbDH
— World Central Kitchen (@WCKitchen) March 12, 2024