Првиот групен карантин заврши, од 160 граѓани никој нема симптоми

Владата информира дека денеска успешно завршува државниот карантин за 160 македонски граѓани, кои поминаа 14 дена во строги безбедносно-здравствени услови во хотелот „Ибис“ во Скопје (Тафталиџе) и во депандансот во Демир Капија.

Граѓаните кои успешно го завршија државниот карантин немаат симптоми  и ќе поминат уште 14 дена во домашна изолација, согласно здравствените препораки на епидемиолозите.

За потсетување во изминатото деноноќие потврдени се 53 нови случаи позитивни, вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 483 лица. За 24 часа регистрирани се 53 нови случаи во земјата. По градови: Скопје -13, Куманово -8, Штип -5, Прилеп – 2, Струга – 14, Тетово – 2, Велес – 1, Гостивар – 2 и Кочани – 6.