Првиот интелигентен брод без екипаж подготвен за препловување на Атлантикот

Првиот интелигентен брод без екипаж наречен „Mayflower 400“ ја чека во пристаништето Плимут на југозападот на Англија наредбата за препловување на Аталнтикот на кое треба да исплови на 15-ти мај.

Тримаранот долг 15 метри и тежок 9 тони може самостојно да носи одлуки и целосно автономно да плови, а прекриен е со соларни панели и на својот пат може да ја проучува природната околина, да ја анализира присутноста на пластиката во водите и да ги следи морските цицачи.

„Океанот е најмоќната сила на планетата којашто ја регулира нашата клима“, вели Брет Фенеруф, основач на здружението „ProMare“ и архитектот на овој проект.

Додава дека 80 отсто од светските океани се неистражени поради тоа што се големи и поради опасностите.

„Бродот без екипаж овозможува вистинско проширување на научните студии“, вели Рози Ликориш, експертка за нови технологии во IBM кој се придружи на проектот пред четири години.

Бидејќи во проектот се вклучија и други компании и „стотици“ луѓе од Индина до САД, преку Јапонија и Швајцарија, станува збор за „светски“ потфат. Доколју не се појавија овие партнери, здружението „ProMare“ ќе мораше да собира „десетици милиони долари“, наместо малку помалку од милион долари, додава Фанеруф од здружението кое се обврза собраните инфорамции бесплатно да ги отстапи.

Тримаранот, кој треба да исплови на 15-ти мај зависно од метеоролошките услови, би требало за три седмици да вплови во другиот Плимут, во американската сојузна држава Масачусетс, по патеката по којашто пловел „Mayflower“ пред 400 години, во 1962 година кога стотици англиски верски дисиденти испловеле во Новиот свет.

Испловувањето на „Mayflower 400“ беше одложено поради пандемијата на коронавирусот, но бидејќи бродот нема екипаж, „никој нема да се разболе“, велат организаторите на проектот.

 

Автономен брод

Граењето на тримаранот кој е целосно роботизиран, од кормилото до дизелскиот агрегат кој го дополнуваат соларните системот, треаше една година.

Развојот на „виртуелниот капетан“, вештачката интелигенција којашто започна да учи да ги идентификува пречките во морето анализирајќи илјаници фотографии, траеше доста подолго. Програмерите исто така го подучувале „Mayflower 400“ како да ги избегне сударите.

Бродот потоа е увежбуван на морето, примал наредби за тоа што се добри а што се лоши активности, што е опасно а што не е, вели Оли Томпсон, инженер на роботика. Потоа се преминало „на ниво на коешто бродот учел да ги коригира сопствените дејствија“, а тоа знали „да мисли“ со својот информатичкиот систем на начин на кој човечкиот мозок ги обработува инфорамциите.

„Тој и натаму учи, користејчио се своите ‘очи’, софистициран состем од шест камери, односно своите ‘уши’, а тоа е радар“, појаснува Томпсон.

Меѓутоа, законите на силата малку дознат по техниката, па „Mayflower 400“ сѐ уште не можел да исплови во „немирното море, со големи бранови, ветер, дожд“, односно а се изложи на „најтешкото сценарио, силна бура“, жали Мејрвин Ченкинг-Риз. Додава дека наместо тоа, тримаранот се увежбувал на бранови високи 50 метри благодарејќи на симулатор.

Бродот ќе ја користи својата вештачка интелигенција за научните истражувања, бидејќи е „обучен благодарејќи на илјадниците часови аудиоснимки… да открие мирски цицачи, да ги препознае и да собере податоци за новната респределба и популација“.

Исто така, ќе го анализира хемискиот состав на водата, ќе го мери нивото на морето и ќе зема примероци поради истражувањата на присутноста на микропластиката во морето, а станува збор за собирање податоци што веќе со децении го прават роботите во Вселената.

Иако бродот е автономен, екипа стручњаци деноноќно ќе го следат од Англија, подготвена да интервенира на далечина доколку има опасност.