Првиот круг на претседателски избори ќе биде на 24 април, а парламентарните со вториот круг претседателски на 8 мај

Парламентарните политички партии постигнале договор изборите следната година да се одржат на 8 мај, односно првиот круг на претседателските избори да се одржи на 24 април, додека вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори да бидат на 8 мај.

Ова го соопшти премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски во изјавата за медиумите по лидерската средба во Собранието

„Овие датуми ги договоривме имајќи ги предвид законските рокови и верските празници кои се во овој период. Конечно, после 17 години ќе имаме редовни парламентарни избори, а тоа говори за добрите владини политики”, рече премиерот Димитар Ковачевски во изјавата по лидерската средба.

Тој кажа дека 100 дена пред избори или на 28 јануари ќе се формира техничка влада и дека ќе биде испочитуван договорот премиерот да биде од редовите на ДУИ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.