Првиот кумановски полицаец агитира за референдумот и притиска за гласање

Криминалот во Куманово е во пораст за 20 отсто, а началникот на униформираната полиција Зоран Јовановски тера кампања за референдумот и прави притисок за излегување на гласање.

Ова е чест случај, па Нетпрес неодамна објави дека во екот на кампањата за референдум на пикник на СДСМ во Крива Паланка, организиран од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски беа присутни повеќе судии и функционери во МВР.

Овој пат и првиот униформиран кумановски полицаец е во функција на агитирање за референдумот, па според информациите на НетПрес, Јовановски и други функционери во полицијата подржувачи на СДСМ прават списоци за следење на полицајци и им се прави притисок за излегување на гласање.

Началникот на униформираната полиција важи за близок и доверлив човек на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Додека Јовановски со членовите на СДСМ агитира меѓу кумановци да излезат и заокружат „ЗА“, неговите сограѓани мака мачат како да излезат на крај со криминалците.

Така на седница на Совет на Општина Куманово за работата на ПС Куманово било презентирано дека во првото полугодие од 2018 година криминалот е во пораст за 19, 7 отсто во споредба со истиот период лани, од кој класичниот е за 12,6 проценти.

Бидејќи полицајците имаат друга работа криминалците си тераат бизнис, па недозволената трговија е зголемена за 75 отсто, економскиот криминал за 70 отсто, бројот на сообраќајни незгоди за 12 отсто…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.