Првиот осуден според новиот закон во Хонгконг доби девет години затвор

Првото лица осудено според законот за национална безбедност во Хонгконг поради терористички активности и поттикнување отцепување од Кина, во затвор ќе ги мине следните девет години, пресудено е во петокот, а оваа одлука според процените ќе има долгорочни последици за правосудството во мегалопилост кој има специјален статус откако во 1995 година се врати во земјата матица.

Поранешниот келнер, 24-годишниот Тонг Јинг-кит е обвинет дека минатата 2020 година со својот мотоцикл намерно се втурнал во тројца припадници на интервентната полиција, додека носел знаме со бунтовничкото мото „Да го ослободиме Хонгконг. Револуција на нашето време“.

Адвокатот на Тонг, Клив Гросман, изјави за новинарите дека ќе поднесе жалба на првостепената пресуда.

Судиите Естер Тох, Антеа Панг и Вилсон Чан, кој градоначалничката Кари Лам ги избра за разгледување на случаите според законот за национална безбедност, во вторникот одлучија дека спореното мото „може да поттикне други на заговарање отцепување“ на Хонгконг од Кина.

Судиите во петокот го осудија Тонг на 6,5 години поради поттикнување на отцепување и на 8 години поради терористички активности. Дел од затворската казна се смета заедно, па Тонг вкупно во затвор треба да мине девет години.

„Сметаме дека оваа казна би требало во доволна мера да ја одразува вината на обвинетиот за двете кривични дела и поттикнување, истовремено постигнувајќи го потребниот ефект на одвраќање“, се наведува во пресудата.

Здруженија за запштита на човековите права, меѓу кои и Amnesty International, критикувајќи ја пресудата предупредуваат дека со неа се анметнуваат нови ограничувања на слободата на говорот и дека се поставени преседани кои се во спротивност со првната традиција на Хонгконг.

На Тонг му беше одбиена гаранцијата во согласност со одребдната на законото според кој обвинетиот мора да докаже дека не претставува безбедносна закана, доколку биде пуштен на слобода.

Тогн, исто така, не доби судење пред порота поради „ризикот за личната безбедност на поротниците и членовите на нивните семејства, и затпа што поради тоа би можело да биде нарушено праведното судење“.

Властите во Хонгонг и во Пекинг повеќепати истакнуваа дека сите права и слободи, договорени за поранешната британска колонија по враќањето во матицата држава во 1997 година ќе останат неизменети, но дека нациналната безбедност, субверзивните активности и повиците за отцепување од Кина ќе бидат „црвената линија“. Сите случаи досега се разрешени согласно законото, порачуваат од хонконшката и кинеската влада.

На рочиштетот во четвртокот, ден пред изрекувањето на пресудата, адвокатот Гросман побара попустливост, велејќи дека доколку некакво поттикнување и постоело тоа било во „помала мера“, а дека Тонг е „пристојно момче“ коешто сторило нешто „глупаво“. Истакна дека Тонг финансиски ги издржува своите татко и сестра, како и дека неговата баба којашто има рак се надевала дека последен пат ќе го прегрне.

Судијката Тох одбила да земе предвид повеќе од олеснителните околности кои ги предложил адвокатот, велејќи дека признавањето на вината „бла најголемата манифестација на покајување“.

Тонг, кој се изјасни дека е невин по сите точки од обвинението, исто така, е прогласен виновен за терористички активности поради залетувањето во полицајците, а судиите претходно во вторникот рекоа дека неговиот мотоцикл потенцијално е смртоносно оружје и дека со умисла ја нападнал полицијата.

Галвниот фокус на судењето беше насочен кон значењето на слоганот, кој беше користен во текот на масовниот протести во Хонгконг во 2019 година, кога беше носен законот за национална безбедност со кој беше опфатен и регионот со специјален автономен статус.