Првиот пешачки 3Д мост (ВИДЕО)

41

Во кинескиот град Шангај пуштен е во употреба најдолгиот бетонски пешачки мост на светот, кој е изграден со технологија за 3Д печатење. Автор на проектот е тим стручни лица од Универзитетот за архитектура Цингуа вo Пекинг, предводени од професорот Су Вејгуо.

Мостот е долг 26,3 метри, а широк 3,6 метри. Новиот мост во шангајскиот кварт Баошан е изграден по модерни градежни техники. Содржи 44 бетонски компоненти изработени со 3Д технологија, а безбедносните огради се поделени на 68 единици.

За изработка на бетонските компоненти, печатени со помош на две „роботски раце”, биле потребни 450 часа.

Според проценките, во споредба со конвенционалниот начин на градба, во овој случај направена е заштеда од 33 отсто од вкупните трошоци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.