Првиот случај на Ковид-19 во Јужна Америка регистриран во Бразил

Првиот веројатен случај на новиот коронавирус во Јужна Америка е регистриран во Бразил, јави весникот „Фоља ди Сао Паоло“.

Повторениот тест на еден маж исто така бил позитивен. Примероците се испратени и до специјализиран институт за конечна потврда.

Претходно, Министерството за здравство објави дека прелиминарниот тест е позитивен.

Станува збор за 61-годишен маж, кој од 9 до 21 февруари бил на деловен пат во северниот италијански регион Ломбардија, епицентарот на зараза во Европа. Тој вчера бил примен на клиника во градот Сао Паоло и властите испитуваат со кого бил во контакт.