Првиот товарен брод исплови од украинското пристаниште Бердјанск

Првиот товарен брод го напушти украинското пристаниште Бердјанск кое е под контрола на проруските сепаратисти и руските единици, изјави во четвртокот локален функционер, откако руското министерство за одбрана потврди дека пристаништето е исчистено од мините кои го поставила украинската војска и дека е подготвено за продолжување на испораките на жито.

„По повеќемесечниот прекин, првиот товарен брод го напушти пристаништето Брдјанск“, објави Евгениј Валицки, именуван администратор на регионот Запорожје, кое е под контрола на сепаратистите од Доњецк и руските единици.

Според руските новински агенции ТАСС и РИА, кои се повикуваат на Балицки, првиот товарен брод кој испловил превезува 7.000 тони жито во „пријателски земји“, односно оние држави кои не се придружија на западните санкции против Русија поради војната во Украина. Во објавата се додава дека товарниот брод е под заштита на руската Црноморска флота.

Претходно во четвртокот руското министерство за одбран објави дека во знак на добра волја Москва ги повлекла руските војници од Змискиот остров крај украинскиот брег на Црното Море. Беше притоа истакнати и дека повлекувањето на руските војници ќе му ја одземе можноста на Киев да шпекулира за проблемот со прехранбената криза, „криејќи се зад наводната неможност за извоз на житарките поради контролата на руските војски“.

Украина ја обвини Русија дека наводно ја украла украинската пченица од териториите кои ги заземаа проруските и руските сили, што Москва го негира. Војната би можела да предизвика недостиг од храна, бидејќи Русија и Украина произведуваат околу 30 отсто од глобалниот извоз на пченица.

Претходно во јуни рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека украинските пристаништа Бедјнаск и Мариупол, кои се под контрола на руската војска, се исчистени од мините и оти се подготвени за продолжување на извозот на житарки.

Западните земји ја обвинуваат Русија дека создава ризик од глобална глад со запирање на извозот на Украина. Москва, пак, ги повика по истите рути по коишто во Украина внесуваат големи конвои со оружје да помогнат во извозот на украинските житарки, а за застојот во испораките на руските земјоделски производи ги обвини санкциите кои го оневозможуваат платниот промет, како и осигурувањето на пратките.

 

 

з