Џек Дорси, шеф и соосновач на платформата за размена на куси објави Twitter, во понеделникот го продал својот прв твит во форма на неземенливиот токен (NFT) за малку повеќе од 2,9 милиони долари.
Твитот е во форма на NFT, новите дигитални токени слични на криптовалутите, кои представуваат уникатнат дигитална сопственост односно капитал чијашто популарност експлодираше во 2021 година.
Секој NFT, којшто се темели на блокчејн технологијата, има сопствен дигиталени потпис кој служи како јавна книга, со што корисниците може да ја проверат автентичноста и сопственоста на капиталот.
„Штотуку го поставувам својот прв твитр“, гласи првиот твит на Дорси објавен на 21-ви март 2006 година.
Сега NFT е продаден на аукција на платформата Valuables, којашто е во сопственост на американската компанија „Cent“.
„Џек ја профати понудата на sinaEstavi во износ од 2.915.835,47 долари“, се наведува во соопштението на интернет аукцијата.
Купен е со користење на криптовалутата Ether која во моментот на продажбата чинела 2,9 милиони долари, потврдил Камерон Хеџази, извршен директор и соосновач на „Cent“.
Компанијата „Cent“ соопшти дека твитот го купил наддавачот под прекат sinaEstavi, за кој се наведува дека се крие Сина Естави истоимениот изврешен директор на блокчејн фирмата „ Bridge Oracle“ со седиште во Малезија.
Дорси, кој е вљубеник во криптовалутата Биткоин, во декември одлучи да ја продаде својата прва објава, но тогаш не привлече внимание на јавноста и до февраури за него беа понудени малку од 3.500 долари. Меѓутоа, цената почна забразано да расте откако Дорси на 5-ти март на Twitter објави линк за продажба на NFT-ом, по што три дена подоцна објави дека приходиот од наддавањето ќе го претвори во биткоини и ќе го донира за луѓето во Африка кои боледуваат од Covid-19.
Купувачот на твитеот го добива уникатниот дигитален серификат кој го потпишува и заверува неговиот автори. Натаму тоа на купувачот му да ва право да го препродаде твитот или да го чува „во својота приватна колекција“ како инвестиција, се додава во соопштението.