Првиот златен медал на Олимпијадата е за Кијан Јанг

Токиот ги додели првите медали на Олимписките игри. Кинеската репрезентативка во стрелаштво Кијан Јанг го освои првиот од вкупно 339 златни медали, таа триумфираше во дисциплината 10 метри воздушна пушка.  

Јанг запиша вкупен резултат од 251,8 поени доволно за нов олимписки рекорд. Сребрениот медал го освои Русинката Анастасија Галашина (251.1), додека бронзениот медал заврши на градите на Нини Кирстен од Швајцарија (230.6). 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.