Првите банкноти со новото име ќе бидат од 50 и 100 денари

Банкнотите со новото име на државава, Република Северна Македонија, веќе ќе се печатат сукцесивно од следната година, а старите ќе имаат важност од пет години.

Според одлуки објавени во Службен весник потпишани од гувернерката Анита Ангеловска-Бежовска, банкнотите од 10 и 50 денари ќе го добијат новото име на Народната банка. Во одлуката пишува: „Народна банка на Република Македонија“, се заменува со зборовите „Народна банка на Република Северна Македонија“.

Банкнотите со новото име на државава, Република Северна Македонија, веќе ќе се печатат сукцесивно од следната година, а старите ќе имаат важност од пет години или се додека не се повлечат од промет.

НБРСМ поради комплексноста на постапката треба да направи анализа и план на неопходните активности за постепена замена на банкнотите, со оценета временска динамика, во рамките на редовните нови емисии, водејќи сметка за макроекономската стабилност.

Првите нови банкноти со новото име на Народната банка би можеле да бидат изготвени на почетокот на 2020-та година и потоа, сукцесивно, да бидат целосно заменети најдоцна во рок од 5 години од отварањето на релевантното ЕУ поглавје.

Инаку новото име на Народната Банка на Република Македонија е Народна Банка на Република Северна Македонија.