Првите баратели на азил влегоа од Мексико во САД

Две години и 21 ден откако првиот барател на азил беа вратени од Сан Диего во Тихуана во рамките на програмата „Останете во Мексико“ која ја започна претходниот американски претседател Доналд Трамп, мала група баратели на азил е испратена во обратна насока за да го сочекаат разгледувањето на нивните барања пред имиграциските судови во САД.

Во раките на новите миграциски политики на американскиот претседател Џо Бајден, граничните службеници во петок започнале да ги обрадуваат првите од проценетите 26.000 на лица кои имаат отворени барања пред американските судови, и во Мексико беа на чекање според програмата на претходната администрација, официјално позната како Протоколи за заштита на мигрантите (MPP).

Програмата радикално го промени системот за барање на азил. Станува збор за едне од најуспешните обиди на Трамп да го ограничи пристапот до азилот и да ги одврати реките мигранти од Латинска Американ од барањето азил во САД.

Во јануари Бајден нареди суспендирае на додавањето нови баратели на азил во програмата, но не ја запре за оние коишто веќе чекаат во Мексико. Американскиот Стејт департмент во петокот соопшти дека обработката на MPP случаи го нарече нарече „повлекување“, што е жаргон кој обично се користи за воени операции во странство.

Од другите два гранични премини по должнината на границата, кај Броунсвил и Ел Пасо во сојузната држава Тексас, се очекува слично поступување веќе на почетокот од следната седмица.

Група од 25 баратели на азил дискретно влегел преку граничниот премин Сан Исидоро во петокот утрото, незабележани од новионарите кои веројатно поради протурање погрешни информации се собрале на јужната страна на границата. Оваа група била сокриена и од вниманието на стотици други баратели на азил кои се наоѓаат на плоштадот пред граничниот премин надевајќи се дека ќе влезат во САД.

Здружението на еврејските семејства од Сан Диего потврдило дека пред 11 часот претпладнето 25 луѓе кои биле дел од програмата MPP сега се наоѓаат под грижа на нивната организација, како и дека се сместени во карантин во хотелски соби под надзор на здравствените служнби од округот. Меѓу нив се шест семејства и пет возрасни поединици од Хондурас, Пери, Никарагва, Гватемала и Куба.

„Ова е навистина поинакво искуство од она пред две ипол години, кога ги промивме повиците дека мајки и деца се наоѓаат на улицте на Сан Диего“, изјави извршниот директор Мајкл Хопкинс, алудирајќи на периодот кога под минатата администрација, граничните службеници започнале да ги пропушаат семејствата кои бараат азил, а да не им помогнале да дојдат до своите крајни дестинации во САД.

Првите баратели на азил кои влегле во петокот во САД ги избрала Високата комисија на ОН за бегалци (UNHCR), во договорот со локалните организации кои работат со мигрантите во Тихуана.