Првите делови од рускиот ракетен систем С-400 доставени во Турција

Првите делови од рускиот ракетен противвоздушен одбранбен систем „С-400“ е доставен во петокот во Турција, членка на НАТО, соопшти турското министерство за одбрана, и се препотставува дека тоа ќе доведе до зголемување на тензиите со САД кои предупредија на можни санкции против Анкара против нејзиниот договор со Русија.

Комомнентите од системите „С-400“ биле доставени на аеродромот „Муртед“, недалеку од турската престолнина Анкара, соопшти министерството за одбрана.

„Доставувањето на преостанатите компоненти ќе продолжи во текот на следните неколку дена. Кога системот потполно ќе биде спремен, тој ќе се користи на начин на кој тоа ќе го одредат властите“, најави турскиот Совет на одбранбената индустрија.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган кон крајот на јуни на маргините од самитот на Г20 во Осака по средбата со американскиот колега по должност Доналд Трамп, рече дека САД немаат намера да наметнаат санкции на Турција поради купувањето на системите „С-400“. Трамп рече дека кон Турција не се постапувало чесно, алудирајќи на одбивањето на партнерите од НАТО да ѝ понудат свои ракетни системи како што бараше Анкара, откако оваа под нивен притисок пред речиси седум години се откажа до скапата зделка со Кина. Сепак, американскиот челник не ги исклучи санкциите.

Договорот е склучен во 2017 година, и според него Русија ќе ја снабди Турција со четири дивизии во зделката која изнесува 2,5 милијарди американски долари. Анкара дел од сумата ќе ја отплати самата, а дел преку поволен руски заем.

Купувањето на напредната верзија на руските ракетни системи предизвика жестока реакција од САД кои предупредуваат дека „С-400“ е некомпатибилен со вооружувањето на НАТО, и предложи Турција да ја откаже зделката со Русија и да купи ракетни комплекси „Patriot“.

Во декември минатата 2018 година американскиот Стејт департмент ја одобри можната зделка со Турција за продажба на системите за противракетна одбрана „Patriot“ со опреме во износ од 3,5 милијарди долари. Анкара побара одобрение за набавка на четири комплети со 20 ракетни лансери и 80 ракети за пресретнување проектили. Но Турција порача, дека оваа понуда не е толку поволна како што е руската, која предвидува и подоцнежно заедничко развивање на системите.

Меѓу можните американските санкции, најчесто се наведува дека Турција ќе биде исклучена од програмата „F-35“. Вашингтон веќе ја започна постапката за исклучување на Анкара од програмата, така што ја запре обуката на 34 турски пилоти на авионите од петтата генерација современи борбени летала во САД.

Во јуни минатата 2018 година американскиот Сенат ја усвои својата верзија од нацрт-буџетот за 2019 година. Таа предвидува запирање на учеството на Турција во производствената програма на петтата генерација американски борбени авиони од моделот„F-35“, поради нејзините намери да набави руски противвоздушни ракетни системи од типот „С-400“. Турција во споменатиот проект учествува задно со уште осум земји. Нејзиниот удел во развојот требаше да изнесува околу 11 милијарди долари. Од оваа сума Анкара во проектот веќе вложи околу 800 милиони долари, а во замена за тоа САД требаше да ѝ испорачат сто авиони.