Првите модели смартфони со 5G стандард добија сертификат за квалитет во Кина

Првите осум модели паметни телефони за мобилните мрежи од петтата генерација 5G, ги добиле сертификатите за квалитет во Кина, што им овозможува да бидат пласирани на тамошниот пазар, пишува во четвртокот кинескиот весник на англиски јазик China Daily.

Четири модели доаѓаат од продукцијата на телекомуникациско-технолошки гигант „Huawei“, меѓу кои се моделите „Mate 20X 5G“ и „Mate X 5G“. Другите производители кои добиле сертификат за квалитет на еден свој модел се компаниите „Oppo“, „Vivo“, ZTE и „One Plus“.

Весникот наведува дека познати во светски рамки производители на пазарот на мобилните уреди, како што се „Xiaomi“, „Samsung“ и „Lenovo“, „не можеа да си го отворат патот во првата група“ сертифицирани модели. Од „Xiaomi“ најавиле дека ќе се обратат во Националниот центар за сертификација на квалитетот со барање да се спроведе тестирање следната седмица, во согласност со „планот за лансирањето на производот“.

Во Кина паметните телефони мора да добија три лиценци за да може да се појават во продажба на домашниот пазар. Во прв ред мора да го обезбедат Државниот задолжителен сертификат (China Compulsory Certification), чиешто поседување овозможува поврзување на националната 5G мрежа.

Во написот на China Daily, покрај тоа, се истакнува дека во моментов се рагорува битката на пазарот на кинеските производители на 5G паметните телефони.