Првите по новиот систем за образование ќе учат учениците од прво и четврто одделение

Учениците од прво и четврто, наместо шесто одделение ќе бидат првите кои ќе учат по новиот систем за образование чија подготовка и имплементација се подготвува во МОН. Уште пет дена ќе биде отворен мејлот на министерството на кој граѓаните и експертите ќе може да ги достават своите предлози и забележки а потоа останува само уште дебатата со стручната јавност, професорите, наставниците и директорите на образовните институции. Реформите потоа одат на дебата во Парламентот.

Министерстката Царовска изјави дека поради недостиг на време, учениците од шесто иодделение нема да бидат вклучени во првиот бран на реформи во образованието. Реформите ќе се воведуваат етапно а процесот би требало да заврши за пет години кога сите одделенија во основните училишта би биле опфатени со новата методологија.

Тет а тет средби со најповиканите, со образвовниот кадар во училиштата е императив за Царовски во наредниот период, пред реформите да влезат во Собраниска дебата. Таа вели дека има се помалку страв од интеграција во системот или евентално губење на работни места.

Министерката Царовска денеска, во рамките на подготовките за имплементирање на реформите имаше средби со претставници на Синдикатот и на ЗЕЛС.

СОНК по денешната средба со ,министерката Царовска  се оптимисти дека нивните забелешки и барања ќе бидат земени предвид.

На средбата со Управниот одбор на ЗЕЛС и претседателот, скопскиот градоначалник Петре Шилегов  договорена е заедничка соработка во спроведувањето на реформите, а Општините како основачи на училиштата, ќе бидат директно вклучени во подготовките и имплементација на целата реформа.