Првите руски тенкови стасале во Ирак

Како што пренесува во петокот ирачкиот информативен портал Erem news повикувајќи се на извор во министерството за одбрана на Ирак, во четвртокот била испорачан првиот дел од порачаните руски тенкови „Т-90С“, но официјални потврди уште нема.

Според истиот извор, тенковите следните денови ќе бидат ставени на располагање на ирачката војска. Тенковите, наводно, биле довезени во јужниот пристанишен град Ум-Каср на 15-ти февруари и биле транспортирани во Багдад.

Во информацијата не е наведен бројот на околопните борбени возила кои се испорачани во моментов. Според договорот, потсетува порталот, Русија на Ирак треба да му испорача 73 тенкови од оваа модификација. Неговиот соговорник додал дека претходно ирачките војници минале обука за користење на тенковите „Т-90С“.

Сепак, официјални потврди на информацијата нема ниту од Москва, ниту од Багдад, пренесува руската агенција ТАСС која се обидела да добие одговор.

Станува збор за извозна верзија на тенкот „Т-90“, којашто поседува моќно вооружување, модерен систем за насочување на огнот, сигурна оклопна заштита и високи способности за маневрирање. Дизајниран е за борбени дејствија и во дневни и во ноќни услови, како и во различни природно-климатски услови против други тенкови, самоодни системи и други околопни објекти.