Прво ноќно читање во Македонија како дел од акцијата „Читај повеќе“

ЕВН Македонија кани на првото ноќно читање што ќе се одржи во Македонија во сабота (29 март) со почеток во 20.30 часот, во кафе барот „Драма“ на ул. „Македонија“.

Имено, истото е со цел одбележување на Часот на планетата Земја, но и приклучување на акцијата на Клуб Матица за промоција на читањето на секаде и во секое време наречена „Читај повеќе“.

Имено, настанот е замислен како можност посетителите да читаат во темнина, со светилки кои ќе ги осветлуваат само страниците на книгите во нивните раце. Дополнително, на настанот ќе бидат присутни и дел од авторите на книгите. Истите ќе ги потпишуваат книгите кои ќе се поделат на посетителите, како подарок и начин да им се порача на луѓето да читаат повеќе и насекаде.

Во текот на целиот настан, еминентните автори Дарко Марковиќ, Евгениј Хоуп и Паскал Гилевски ќе ги потпишуваат поделените книги и ќе се дружат со посетителите на првото ноќно читање во Република Македонија.

Агенда на настанот:

20:30 – 20:40 – Гасење на светлата во локалот и сместување на посетителите.
20:40 – 21:00 – Интерпретација на проза и поезија од македонски автори.
21:00 – 21:30 – Посетителите ќе имаат можност да читаат во темнина, само со помош на специјални книжевни светилки, а атмосферата ќе биде надополнета со свирка со акустична гитара.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.