Прво па машко и во Штип

Во 9,20 часот вчера се роди првото бебе во Новата година во Штип. Мајка на здравото машко бебе тешко 3.100 грама, долго 49 сантиметри, е Селвие Зејнелова.

Од страна на Градоначалникот Илчо Захариев, кој што денеска ќе ги посети мајката и детето, на првото бебе ќе му биде врачена штедна книшка на која има средства во висина од 10.000 денари, обезбедени како донација од Комерцијална банка-Штип. Комерцијална банка веќе неколку години по ред ја издвојува оваа сума за првороденчето и со тоа претставува еден од најреномираните и ретки правни субјекти, кои се грижат за општо добро на нашите граѓани. Исто така, од страна на Градоначалникот Захариев ќе бидат врачени релаксатор за бебето и скромен подарок за мајката.

При посетата на Гинеколошкото и акушерско одделение, Градоначалникот денес ќе донира нови детски ќебиња и женски ноќници-пижами што им се најпотребни на корисниците на услугите на овие одделенија.