Прво видео од Ѓоковиќ: Светскиот првак во тенис од прозорецот на својата соба ги поздрави фановите (ВИДЕО)

95

Новак Ѓоковиќ моментално се наоѓа во Мелбурн, во хотелот „Парк“, каде според последните информации ќе остане до понеделник кога ќе ја дознае конечната одлука дали ќе добие виза за влез во Австралија.

По неколкучасовен притвор на аеродромот, Новак ќе мора да биде дополнително трпелив и да помине уште неколку дена во хотелот.

Денеска се појави и првото видео на Новак откако е „заглавен“ во Австралија.

На видеото се гледа како српскиот тенисер мавта од хотелската соба и им упатува поздрави на своите фанови, кои во голем број се собраа да му дадат поддршка на омилениот тенисер.

https://twitter.com/__wa8/status/1478997253520039936?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1478997253520039936%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fkurir.mk%2Fsport%2Fostanati-sportovi%2Fse-pojavi-prvoto-video-od-gjokovikj-svetskiot-prvak-vo-tenis-od-prozorecot-na-svojata-soba-gi-pozdravi-fanovite-video%2F

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.