Првото новороденче во Новата година во Струга е машко

Првото бебе родено во Општата болница во Струга е машко.

Бебето, како што информира доктор Крсте Стојаноски, началник на Гинеколошкото одделение е родено синоќа во 20 часот и 45 минути. – Бебето е родено 3.070 грама, со мајката Бејаза Салкоска од Лабуништа се во добра здравствена состојба, изјави Стојаноски.

Во новата година, додаде, се родија уште две девојчиња.

– Во новата година, досега во Струшката болница се родија уште две девојчиња. Бебињата и мајките, од Струга и Вевчани се во добра здравствена состојба, изјави Стојаноски за МИА.

На првите три новороденчиња во Новата година Општина Струга, со одлука на Советот ќе им додели износ од по 15.000 денари.