Првото обраќање на Чарлс Трети: Мајка ми ми беше инспирација и пример

Чарлс Трети во својот првиот говор како британски крал истакна дека неговата мајка Елизабета Втора, која почина во четвртокот по 70 години минати на престолот, му била инспирација и пример нему и на семејството.

„Низ целиот живот Нејзиното Величество кралицата, мојата сакана мајка, беше инспирација и пример за мене и за целото мое семејство“, изјави во своето прво обраќање Чарлс Трети, формалниот суверен на 15 држави, меѓу кои се Обединетото Кралство, Канада, Австралија, Нов Зеланд итн.

Чарлс Трети ѝ се заблагодари на својата мајка на „љубовта, приврвзаноста, водството и примерот“.,

„Нејзината доследност никогаш не копнееше“, истакна Чарлс Трети додавајќи дека таа ја почитувала традицијата, но ги пригрлила и примените.

Во своето обраќање британскиот монарх вети дека во „текот на преостанатото време коешто Господ ми го дал ќе се придржувам до иставните начела кои се срцето на нашата земја“.

Истакна и дека е воспитуван според вредностите на Англиканската црква, чиј поглавар стана во петокот.

„Воспитуван сум со чувството за должност кон другите и да ги чувам вредните традиции и слободи на нашата единствена историја“, порача новиот британски крал.

Чарлс Трети го прогласи својот постар син Вилијам за принц од Велс.

„Со Катрин покрај него, нашиот нови принц и принцеза од Велс, знам, ќе продолжат да вдахновуваат и да водат…“. Кралот, исто така, рече дека сака да ја „изрази својата љубов кон Хари и Меган додека продолжуваат да ги градат своите животи во странство“.

Чарлс Трети порача дека со новите должности ќе му се промени животот и истакна дека смета на помошта од својата сопруга Камила која сега стана кралицата сопруга.

„Знам дека на барањата на својата нова улога ќе им ја донесам непоколебливата верност на којашто толку многу се потпирав“ ,рече Чарлс Трети.