ЕК предложи првпат во историјата постапка против Полска

Првпат историјата на Европската унија, Европската комисија во средата му предложи на Советот на ЕУ покренување на постапката предвидена со членот 7 против Полска, која во крајна линија може да заврши со суспендирање на правото на глас за оваа земја.

„И покрај повторените напори во текот на речиси две години со полските власти да започне конструктивен дијалог во контекст на рамките на владеење на правото, Комисијата денеска заклучи дека постои јасен ризик од сериозно кршење на владеењето на правото во Полска“, објави потпретседателот на ЕК, Јан Тимерманс.

Покренување на постапката предвидена со членот 7 никогаш досега не е користена, а Комисијата се одлучила на тоа откако полските властите не се откажаа од контроверзните реформи во правосудство.

Тимерманс истакна дека Европската комисија е подготвена да го повлече својот предлог, доколку Полска ги отстрани причините за загриженоста во рок од три месеца.

Европската комисија (ЕК) во јули годинава официјално ја покрена постапката против Полска поради контроверзните правосудни реформи кои Брисел ги оценува како обид за поткопување на независноста на судиите, и на владата во Варшава ѝ даде еден месец да даде отчет.

Спорниот закон му дава право на министерството за правда да поставува и отпушта претседатели на пониските судии, што предизвикува загриженост во телата на Европската унија, во поглед на независноста на судството и владеењето на законот и правото. Брисел, исто така, забележува на законот и тоа што воведува различна возраст за пензионирање на женските и машките судии, со што се кршат европските антидискриминаторските закони.

Европската комисија, исто така, испрати низа препораки за Полска, изразувајќи загриженост дека останатите предвидени реформи би можеле дополнително да го загрозуваат владеењето на правото во земјата.

Полскиот претседател Анджеј Дуда потпиша на почетокот од јули два од четирите законски предлози коишто ги изгласаа двата дома на парламентот во кој мнозинство има конзервативната партија Право и справедливост (PiS). Дуда ја послуша опозицијата која протестира од понеделникот и ги сопре Законот за Врховниот суд и Законот за државниот Судски совет, што претставуваше изненадување во PiS чиј близок соработник беше Дуда и благодарејќи на чијашто поддршка победи на претседателски избори пред три години.

Но во септември претседателот Дуда изнесе противпредлог којшто, исто така, според критичарите предвидува поголема политичка контрола над судовите, но шефот на државата а не од министерот за правда, како и парламентот.

Пратениците на PiS и на опозициските партии го критикуваа предлогот на Дуда, а претседателот Дуда и челникот на PiS, Јарослав Качински, имаа повеќе средби за да разговараат за реформите, но тешко наоѓаа компромисно решение. По последниот состанок, во првата седмица на октомври, претставниците на двете страни изјавија дека се приближиле до компромисот.Односно во PiS го прифатиле предлогот на Дуда во парламент за именување на новите судии во Врховниот суд да биде потребно мнозинство од три петтини, како и намалување на влијанието на министерството за правда врз судовите.

 

Потпретседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс, претходно предупреди дека ЕУ, доколку Полска одлучи да оди натаму со реформите кои на парламент би му овозможил да ги менува судиите во Врховниот суд, ќе ги покрене мерките од членот 7 од Европскиот договор коишто би можеле да доведат до одземање на правото на глас за Полска во ЕУ.

Партијата PiS донесувањето на законот го оправдува со неопходноста да биде рационализиран правосудниот систем да се задуши корупцијата на судиската, како што ја нарекува „каста“. Критики на предложените реформи изразија Европската унија, американскиот Стејт департменот, како и други влијателни од меѓународната заедница.