Првпат по девет години Американци полетаа во Вселената од Америка

Во саботата приватната компанија на јужноафриканскиот милијардер Илон Маск „SpaceX“ од Флорида во орбитата на Земјата успешно ја лансираше ракетата „Falcon 9“ со којашто првпат во последните девет години двајца астронаути на американската агенција за вселенски истражување NASA во Вселената полетаа од американска почва.

Ракетата „Falcon 9“ бепе лансирана од космодромот Кенеди во 15,22 часот по локално време, односно 21,22 по македонско време, а на патувањето кое треба да трае 19 часа кон Меѓународната вселенска станица (ISS) во новата капсула „Crew Dragon“ 53-годишниот Даг Харли и 49-годишниот Боб Бенкен.

NASA последен пат астронаути во некое ново летало лансираше пред 40 години на почетокот од програмата „Space Shuttle“.

Капсулата „Crew Dragon“ од ракетата носач се одвои 13 минути по лансирањето и влегзе во орбитата.

„Ова е неверојатно, сила, технологија. Ова беше прекрасно да се види“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп кој лансирањето го следеше од вселенскиот центар Кенеди.

Поради невремето во близина на Кејп Канаверал и центарот Кенеди, лансирањето беше одложено 17 минути пред летот.

На Меѓународната вселенска станица астроанутите треба да останат само неколку седмици и да му помагаат на сегашниот екипаж кој се наоѓа во оваа вселенска лабораторија во орбитата на Земјата.

Ракетата „Falcon 9“ беше лансирана од истата платформа во која во 2011 година во Вселената замина последниот „шатл“ на NASА, на летот чиј капетан беше токму Харли. Харли и годишниот Бенкен се вработени во NASA но под договор со „SpaceX“.

Успешната мисија ќе биде остварување на главната цел на NASA, како што формулираше челникот на агенцијата, Џим Бридштејн, повторно испраќање во Вселената „американски астронаути на американска ракета од американска почва“. Американските астронаути последните девет години во орбитата доаѓаа исклучуво со руските ракети „Сојуз“.

Ова е и првпат Американци во Вселенета да ги носи комерцијално вселенско летало во сопственост на приватна компанија, на лет кој е пилитиран од екипаж.