Првпат по две децении откриен нов сој на ХИВ

Научниците во фармацевтската компанија „Abbott Laboratories“ првпат од воспоставвуањето на насоките за класификација на подтиповите во 2000 година објавија дека е октриен нов сој на вирусот кој предизивкува имунодефициенција кај човекот (HIV), наведуваат американските медиуми за откритието за кое прв пишуваше весникот Тhe Wall Street Journal минатата седмица.

Научниците од „Abbott“, кое истражувањето го спровеле во соработка со Универзитетот Мусури, новиот вирус го откриле кај жител на Демократска Република Конго. Новиот сој на вирусот ХИВ го вбројуваат во „групата M HIV подтип L“ и велат дека му припаѓа на истото семејство подтипови кои ја предизивкуваат глобалната пандемија на ХИВ-от. Притоа потсетуваат дека постојат два вида ХИВ: ХИВ-1 и ХИВ-2 од групата М, сојот на вирусот кој е одговорен за глобалната пандемија.

Вирусот ХИВ има неколку различни подтипови или соеви, како впрочем и сите други вируси, а има способност за мутирање со текот на времето. Станува збор за првиот нов сој на ХИВ од групата М откриен откако во 2000 година беа поставени насоките за разврстување на подтиповите.

„Ова би можело да биде вистински предизвик за дијагностичките тестови“, вели вирологот Мери Роџерс, коавторка на истражувањето од лабораториите на „Abbott“ кои вршат тестирања на повеќе од 60 отсто од светските резерви на крв. Роџерс и нејзините колеги се во потрага по нови соеви и задачата им е да ги најдат за да може прецизно да се идентификуваат, без оглед на тоа во кој дел од светот ќе се појават.

Др Ентони Фаучи, доректор на американскиот Национален институт за алергии и заразни болести, истакнува дека сегашните третмани кои се применуваат во лекувањето на СИДА-та се ефикасни и против овој нов сој, истко како и против другите досега познати. Додава дека нема причина за паника, бидејќи засега „со новооткриениот сој не се заразени многу луѓе“.

За да може со сигурност да се тврди дека станува за нов подвид на вирусот, мора независно да се откријат три случаи. Првите два се откриени во 1983 и 1990 година, исто така, во Демократска Република Конго.

„Забележавме дека двата соја беа многу невообичаени и не се совпаѓаа со другите соеви“, појаснува Роџерс. Третиот е откриен во Конго меѓу промероците собрани во 2001 година во рамките на студијата за вирусната различност на ХИВ-от. Примерокот бил мал и иако наликувал на двата постари примерока, научниците сакале да го тестираат целиот геном.

Во тој период сѐ уште немало соодветна технологија за да се може да се утврди дали станува збор за нов подвид. Во меѓувреме, научниците од споменатите компанија и универзитет развиле нови техники за проучување и мапирање на примероците од 2001 година. Роџерс ги споредува со „барање игла во стог сено“, а потоа со „извлекување на иглата со магнет“. Вели дека успеале потполно да го секвенционираат, а тоа значи да создадат потполна слика, што резултирало со откритие на подвидот L од групата М.

„Благодарејќи на неодманешното откритие би можеле да ставиме крај на пандемијата на ХИВ-от. Мораме да водиме сметка и за тоа дека вирусот постојано се менува“, вели др Керол Мекартур, уште една коавторка на истражувањето, професорка на Одделот за орални и краниофацијални науки при Универзитетот Мисури. Додава дека откритието е важно и поради создавањето ефикасна вакцина во иднина.

Според актуелните податоци на Светската здравствена организација (СЗО – WHO), во светот во моментов живеат со ХИВ околу 36,7 милиони луше, а од организацијата UNAIDS проценуваат дека од 2016 година има околу 1,8 милиони новозаболени.