Првпат по еден месец пад на бројот на новозаразените со коронавирусот во Шпанија

Бројот на заразените лица со новиот коронавирус во Шпанија по еден месец паднал под 400 на 100.000 жители, што внесува оптимизам во некои региони, во прв ред во Каталонија, која одново ги отвори кафулињата.

Во последните две седмции, според овие пресметки се заразиле 374 лица на 100.000 жители, извести во понеделникот вечерта шпанското министерство за здравство.

Во каталонската престолнина Барселона, кафулињата и растораните присилно беа затворени последните 40 дена, а во понеделникот околу 70 отсто од нив започнаа повторно да работат, соопшти регионалното здружение на угостителите. Каталонската влада им дозволи да работата со капацитет од 30 отсто. Културните настани, кои исто така беа забранети, повторно може да се одржуваат со 50-процентен капацитет.

Во текот на викендот на шпанскиот премиер Педро Санчез најави вакцинирање на значителен број на населението во јануари, а во вторникот левата коалициска влада треба да ги престави поединостите од планот за вакцинирање. Шпанија, така, покрај Германија која најави масовна вакцинација во декември, би можела да биде првата земја во ЕУ која ќе го вакцинира своето население.

А додека во Шпанија не пристигне вакцината, секоја од 17-те автономни покраини самостојно ги воведуваат мерките за сузбивање на коронавирусот. Во Мадрид, кој не ги затвори угостителските објекти за разлика од Каталонија, десната власт е изненадена со оптимизмот на левиот премиер Санчез по прашањето на вакцинирањето.

„Планот за вакцинирањето не е направен во договорот со автономните покраини. Мислам дека ова е предвремено славење“, изјави за медиумите Енрике Руиз Ескудеро, функционер за здравство во владата на покраината Мадрид.

Од петокот, во Шпанија која има 47 милиони жители, заразени се дополнителни 25.886 лица, а потврдени се уште 512 смртни исходи поврзани со Covid-19. Меѓутоа, кога ќе се спореди бројот на коронаинфицираните на 100.000 жители објавен е најповолниот податок од 23-ти октомври кога имало 361 заразени на 100.000 жители.

Владата донесе одлука според која сите патници коишто ќе слетаат на шпанските аеродроми или ќе впловат во простаништата од понеделникот мора да имаат потврда за објаве PCR тест не постар од 72 часа пред доаѓањето. Со оваа мерка се опфатени патниците кои доаѓаат од 65 „ризични земји“, каде што спаѓаат земјите во кои во текот на последните две седмици се заразиле повеќе од 150 лица на 100.000 жители.