Првпат во историјата биомасата на Земјата ја надминува она што го создале луѓето

Првпат во историјата масата на сето она што го создало човештвото, меѓу кои се зградите, патиштата и механизацијата, ја надминува тежината на природниот свет, односно биомасата на Земјата, покажуваат резултатите од студијата објавена во научното спосание Naturе.

Според истражувањето коешто го спровел израелскиот Научен институт „Вајцман“, човештвото и Земјата во 2020 година се на пресвртницата, бидејќи масата на сето она што човештвото го произвело се израмнила со масата на растителниот и животинскиот свет, како што се дрвјата, растенијата, животните, бактериите….

Институтот чие седиште е во Тел Авив предвидува дека до 2040 година масата на сето она што ќе го произведе човекот ќе биде двојно потешка од биомасата. До таа година, бетонските, челичните и пластичните џунгли ќе создадат човештвото да тежи најмалку две тератони. Истовремено, вкупната биомаса се намалува, главно поради уништувањето на шумите и ослободувањето на површините за интензивното земјоделство.

„Секако, невозможно е да се измери сета маса на Земјата што значи дека овие бројки се најдобрите можни процени со грешка од плус/минус шест години“, наведува коавторот на студијата Рон Мило, стручњак за науките за природната средина и растенија од Институтот „Вајцман“. Додава дека ова истражување е првото во коешто се споредува масата којашто ја создал човекот со биомасата на Земјата.

Коавторката на истражувањето, Емили Елхашам, за француската новинска агенција AFP изјавила дека студијата го покажала несразмерното големо влијание на човештвотот врз природниот свет.

„Резултатите од студијата покажуваат колку надвор од нашите обувки се проширил нашиот глобален оптечаток на стапалото. Се надеваме дека, кога ќе ги имаме овие, помалку шокантни бројки, пред очите, ќе можеме како вид да ја преземеме одговорноста“, предупредува Мило.

Под преземање на одговорноста, појаснува Мило за германската новинска агенција DPA, тој мисли на развој на свеста дека сме главните играчи коишто треба да размислуваат за начините подобро да се грижиме за биосферата на нашата планета.

Според споменатото проучување, тежината на патиштата, зградите и другите конструирани и произведени материјали се удвојува на секои околу 20 години, па сега, според авторите на истражувањето, изнесува 1,1 тератони, односно 1,1 билион тони.

Со забрзувањето на незгасливата жед на човештвото за проголтување на природните ресурси, тежината на живата биомаса: дрвјата, растенијата и животните, се преполовила од земјоделската револуција и сега изнесува само еден теретон, утврдило истражувањето.

Проценувајќи ги промените на глобалната биомаса и масата којашто ја создал човекот од 1990 година, истражувањето покажало дека масата којашто на почетокот од XX век ја создал човекот изнесувала само 3 отсто од тежината на биомасата на Земјата. Но со експлозијата на производството по Вторта светска војна индустријата денес во просек прозведува секоја седмица маса којашто е еквивалент на вкупната тежина на секој човек на планетата.

Научниците во студијата се потпирале на многу индустриски и еколошки податоци. Процениле дека човештвото годишно произведвуа околу 30 гигатони маса. Најголем удел во масата којашто ја произвело човештвото ја сочинуваат градбите и патишатата, а за забрзаното зголемување на оваа маса продонел преминот од материјалите, како на пример циглите на бетонот кон средината на 1950-те години.