Психијатар- педофил донесувал одлуки за одземање на деца

Норвешка ќе преиспитува серија контроверзни одлуки за одземања и заштита на деца во чие донесување бил вклучен влијателен експерт, кој е осуден за преземање на стотици илјади фотографии од злоставувани деца.

Овој психијатар со години имал клучна улога во давањето препораки за преземање на деца под заштита на надлежната агенција. Тој во април годинава во Осло беше осуден на две години затвор.

Одлуката за преиспитување на случаите била донесена по јавната расправа што ја започнала новинарската истрага на ББЦ. Едно семејство, чие најмало дете било под заштита на надлежните служби по интервенција на психијатарот, веќе повторно се заедно по одлуката на судот.

Норвешката агенција за заштита на децата „Barnevernet“ е изложена на напади од некои родители и професионалци во областа на заштитата на децата, кои тврдат дека деца често се земале под заштита без соодветно образложение.

Психијатарот на 56-годишна возраст, кој не е именуван со цел да се заштитат децата, признал дека од интернет презел речиси 200.000 фотографии и повеќе од 12.000 видеа на сексуална злоупотреба на деца. Психијатарот, кој се жалел на пресудата, изјави дека го гледал материјалот цели 20 години.

Во тоа време тој беше член на престижната Професионална комисија за деца од 14 члена, која дава препораки за преземање на деца под заштита низ Норвешка. Тој исто така, бил ангажиран како експерт од локалните власти низ целата земја како експерти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.