Психолошка поддршка побарајте на овие броеви

Министерството за здравство информира дека во соработка со Клиниката за психијатрија отворени се уште 3 нови телефонски броеви за психолошка поддршка за трудниците и родилките, лицата со нарушување на слухот, говорот и гласот, како и психолошка поддршка за лица во самоизолација на албански јазик во периодот со справувањето со ковид-19. На телефонските броеви одговараат стручни лица, психијатри од Клиниката.

– 078/378-766 Трудниците и родилките на кои им е потребна психолошка поддршка можат да се советуваат во периодот од 09:00 до 16:00 часот;

– 072/919-009 Лицата со нарушување на слухот, говорот и гласот можат да се советуваат во периодот од 09:00 до 16:00 часот на овој телефонски број преку апликацијата „Viber“;

– 070/291-657 Овозможена е и психолошка поддршка за лица во самоизолација на албански јазик на овој телефонски број во периодот од 09:00 до 16:00 часот.

За потсетување, функционираат и останатите телефонски броеви за психолошка поддршка.

Родителите на деца на предучилишна возраст и училишна возраст можат да се јавуваат на телефонскиот број 072/912-676.

Возрасните лица кои се во самоизолација можат да се јавуваат за психолошка поддршка на 072/919-009.

Телефонскиот контакт на возрасните лица во самозиолација и лицата со нарушен слух, говор и глас е ист, меѓутоа комуникацијата за вторите лица е исклучиво преку „Viber“ апликацијата.

Во соработка со УНИЦЕФ и во партнерство со Универзитетската клиника за психијатрија отворени се дополнителни линии за психолошка поддршка наменети за родители и самите деца на училишна возраст, секој работен ден од 09:00 до 16:00 часот:

– 078/378-728 – За тинејџери и нивните родители
– 070/291-574 – За родители на деца со попреченост

Грижата за психичкото здравје е исто толку важно како и грижата за физичкото здравје во услови на пандемија со коронавирус.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.